Вчера српскиот портал Курир излезе со наслов: “Боки13 живееше луксузно, а сега во затвор бара помош и прима инјекции за смирување. Очајниот Јовановски се закани: Носете ме во лудница или ќе пропеам за Заев.” Оваа објава ја пренесоа и дел од македонските медиуми.
Есад Рахиќ директорот на затворот во Шутка, каде се наоѓа Јовановски за Канал 5 категорично ги негира овие информации.
-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија – рече Рахиќ.
Инаку, Бојан Јовановски се наоѓа во притвор од 16-ти јули. Тој беше уапсен на граничниот премин Богородица, а е осомничен за изнуда на 1.5 милиони евра.