Италијанската пејачка звезда Ерос Рамацоти на престојниот концерт, на 30 септември во Скопје, ќе дојде како разведен човек. Тој и неговата сопруга, 26-годишната помлада манекенка Марика Пелегрини (30), ставија точка за 10-годишна љубов и петгодишниот брак.
Во официјалното соопштение е потврдена веста за разводот.
“Зад себе минавме одлични 10 години, заедно создадовме прекрасно семејство и бевме бесконечно среќни. Нашиот однос останува пријателски, а љубовта што јаделивме е тука и понатаму. Имаме голема почит еден кон друг и ја молиме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“ – е наведено во заедничкото соопштение, пренесува Италијанскиот портал Анса.
Инакку, Ерос и Марика почнаа да се забавуваат во 2009 година, а влегоа во брак пет години подоцна. Имаат две деца, Рафаел Марија (8) и Габри Тулиј (4).