Популарниот италијански пејач и шармер Ерос Рамацоти (56) веќе една деценија е во љубов со Мариса Пелегрини. Мариса не само што се го следи во чекор туку таа имаа големо влијание на неговата работа.
Двајцата се во врска од 2009 година, а се венчаа 5 години подоцна, a во меѓувреме добија две деца.
Ерос е постар 24 години од Мариса, што не преставува никаква препрека за нивниот однос. Тој има рецепт за успешен брак.
“ Двајца луѓе треба меѓусебно да се сакаат и почитуваат и кога имаа деца, и мораат секогаш да разговараат на конструктивен начин. Најважно е да бидеш секогаш присутен и никогаш ништо да не криеш“ – рече Рамацоти.