Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го носеше еден од погребните ковчези на загинатите при уривањето на зградата во Истанбул. Тој присуствуваше и на погребната молитва.
Инкау, бројот на жртвите од урнатата зграда во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул се зголеми на 21 жртви, потврди турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија.
Од безбедносни причини евакуирани се и зградите во околината, а пребарувањето на урнатините сѐ уште трае.