Бритни Спирс објави бизарно видео на Инстаграм во кое ги извести следбениците дека повторно се омажила – за себе.
Пејачката во видеото носеше бел венчален фустан и вел и рече дека тоа е „најбрилијантното нешто“ што некогаш го направила.
„Денот кога се омажив за себе. Можеби на другите ова им изгледа срамно или глупаво, но мислам дека тоа е најбрилијантното нешто што сум го направила“, рече таа.
После тоа, таа објави ново видео во кое позира во бел фустан и им откри на фановите дека патува на островот Туркс и Каикос, најверојатно на меден месец.
Да потсетиме, Бритни Спирс стапи во брак дури трипати.
Да потсетиме, Бритни зад себе има три пропаднати брака. Таа се омажи за Џејсон Александар во 2004 година, а 55 часа по венчавката го поништија бракот. Истата година се омажила за Кевин Федерлајн, со кого има две деца, а се разделиле три години подоцна. Минатата година се разведе од Сем Асгари, со кого се омажи во јуни 2022 година, по пет години врска.