Епископот Милутин од СПЦ почина од коронавирус

by Тони Зографски

На 79 години, од коронавирус, почина епископот ваљевски г. Милутин од Српската православна црква (СПЦ).

Како што пишуваат српските медиуми, владиката Милутин починал во 2 часот по полноќ во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.

г. Милутин бил позитивен на Ковид-19 заедно со уште двајца свештеници од неговата епархија. Од неговиот кабинет уште веднаш соопштија дека никаква делегација, свештеници или верници не ја посетиле епархијата во последно време, а како што посочија, и самиот епископ не патувал во ниту едно кризно подрачје погодено од коронавирусот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com