Присилната изолација раѓа нов вид епидемија затоа што многу луѓе се принудени на осаменост и се повеќе се соочуваат со ментални нарушувања за време на времето на короната, предупредуваат научниците.
На почетокот на пандемијата, психијатри испитале 5.070 возрасни Австралијци и откриле дека повеќе од три четвртини од испитаниците изјавиле дека нивното ментално здравје се влошило од почетокот на болеста.
Скоро 80 проценти од испитаниците изразија умерено до крајно ниво на страв од неизвесната иднина.
“Половина рекле дека се чувствуваат умерено до крајно осамено, а половина велат дека чувствуваат умерен до екстремен страв од финансиските последици од пандемијата врз нивните животи, пренесува „ДПА“.
Во вакви бурни времиња, луѓето може да се чувствуваат исплашено, загрижено, депресивно и презаситени од постојаните предупредувања и извештаите во медиумите за ширење на пандемијата, според добротворната организација за поддршка на кризата во Австралија, која работи под името „Life line”“.
Оваа организација дава совети поврзани со менталното здравје на поединецот, посочувајќи дека секоја личност треба активно да се грижи за својата заштита и да биде свесна за степенот до кој може да издржи изложување на медиумите.
Осаменоста беше невидлив проблем дури и пред пандемијата, потврдуваат германските лекари.
„Има многу луѓе што живеат во големите градови кои речиси и да немаат социјални контакти“, рече Стефан Дојчман, кој работи во добротворна организација во Хамбург.
Среде пандемијата, проблемот се продлабочи. Во првата фаза од пандемијата, помеѓу средината на март и средината на мај, неговата линија за помош во Хамбург забележа 25 до 30 проценти повеќе повици.
„Многу луѓе се жалеа на длабоко и тешко чувство на осаменост“, вели Дојчман.
Доброволци од сто линии за психолошка помош што работат низ цела Германија дошле до слични заклучоци. Околу 40 проценти од луѓето се јавиле дека сакаат да зборуваат за ограничувањата, неизвесноста и промените што ги носи пандемијата.
Пандемија во Германија предизвика „епидемија на осаменост“.
Околу 80 проценти од испитаниците се жалат дека недостатокот на контакт со членовите на семејството и пријателите е многу тежок за нив, покажа истражувањето на институтот „Forsa“, спроведено по налог на германската компанија за здравствено осигурување „Tehniker krankenkase“.
“Границата помеѓу осаменоста, депресијата и менталните болести е многу непостојана, предупредуваат експертите.
Покрај депресијата и анксиозните нарушувања, акутното и посттрауматско стресно нарушување, зависноста од алкохол и дрога, опсесивно-компулсивните нарушувања и психозата можат да се интензивираат во вакви непостојани времиња.
Научниците сега ја проценуваат опасноста од осаменост за време на пандемијата и нејзините последици и ги повикуваат сите што се принудени да останат дома да најдат некој со кој ќе разговараат за нивните грижи и стравови и да одржуваат врски на Интернет.