Епидемилогот Жарко Караџовски на денешната прес конференција извести дека жената која е носител на коронавирусот е родена 1970 година. Според него, едно лице заболено од коронавирусот не е опасност за населението.
“Едно лице заболено од коронавирусот не е опасност за населението. Согласно нашите алгоритми кои ги правевме пред три месеци, освен алгоритмите на аеродромот по кои се уште се постапува, нема ништо сменето со тоа што имаме едно лице заболено со Ковид 19 во земјава. Граничната полиција поставува шест епидемиолошки прашања. Врз основа на дадените одговори, ако не кој каже дека има симптоми, се тргаат на страна“, рече докторот Караџовски.
Тој посочи дека се прави скенирање со камера, потоа следуваат епидемиолошки прашања, па лицата се тргаат на страна, односно се ставаат во просторија за изолација
„Јас сум подготвен 24 часа да постапувам. Населението може да биде мирно, ние владееме со состојбата“, посочи Караџовски.