Холивудската глумица Енди Мекдауел (63) се појави на Канскиот филмски фестивал и ги освои сите на црвениот тепих. Додека храбро ја гази седмата деценија, актерката изгледа неверојатно добро со седа коса и брчки.
„За време на карантинот, престанав да ја обојувам косата. Можете да видите дека имам израсток и дека сега сум сива. Моите ќерки ми рекоа дека изгледа лошо, и ми се допаѓа да изгледа лошо“, рече актерката.
„Не знам дали повторно ќе почнам да ја бојам косата, но засега ми се допаѓа како изгледам“, рече таа.
Додека позираше во небесно син фустан, Енди гордо ја покажа сивата коса, но и витката фигура. Нема личност што не би и се допаднала таква самоуверена жена!