Ена Веко беше вистинска атракција на домашната музичка сцена. Ја паметиме како првата македонска раперка.
Денеска Ена, со вистинско име Елена Домазетовска живее во Сиднеј, Австралија и изгледа сосема поинаку од почетокот на деведесетите.
Ена уште по завршувањето на средното училиште се повлече од музиката и замина во Сиднеј каде што живее денес. Сега има долга коса и сосема поинаков имиџ. Последен пат во Скопје беше минатото лето.
Ена соработуваше со продуцентот Тоше Поп-Симонов и го издаде албумот “Бубачки и градски ѕверки“.
Хитови кои останаа се „Опера хаус“ , „До кога вака“, „Царевата ќерка“, „Признавам-не признавам“, а настапи и на фолк-фестивалот „Цветници“ во дует со Мирко Митревски и со групата „Академци“.