Пејачката Емина Јаховиќ оваа година стави точка на десетгодишниот брак со Турчинот, Мустафа Сандал, а пред неколку месеци започна романса со милијардерот, Садетин Саран. Веднаш се појавија и информации дека таа ќе стапне на „лудиот камен“, по третпат.
Емина откри дел од деталите за врската со Садетин, иако како што рече, дека не му било лесно да ја придобие.
„Многу е тешко мене некој да ме освои. Имав малку врски во животот и со мене може да биде маж кој ме сака и почитува. Не размислувам за венчавка. Нема веќе да се мажам. Отсекогаш сум сакала да родам ќерка и таа желба не исчезна. Можеби еден ден ќе посвојам девојче кога ќе ги остварам своите работни амбиции“, рече Јаховиќ.