Пејачката Емина Јаховиќ која по разводот со Мустафа Сандал стана милионерка, од секогаш не живеела на висока нога. Како што раскажала, во детството неможела да си дозволи многу основни работи.
„Татко му и мајка ми немаа некое наследство зад себе, а како лекари не беа сметани за богати и моќни. Се сеќавам дека во Србија сите тешко живеевме, патлиџаните ни беа луксуз. Кога бев дете гледав како, на пример,, кај соседите како јадат гумени бонбони, киндер јајце, чоколадо… Сето тоа ми беше недостижно во детството. Во тешките времиња мајка ми ставаше млеко и јогурт во замрзнувачот кои не смеевме да ги допреме, ги лувавме за црни денови. Затоа сега имам, но не живеам расипнички. Сакам да купам, но само она што го носам. Немам хирови“, раскажала Емина и открила дека не планира уште долго да пее.
„Моја љубов е пишувањето песни и правењето композиции. Ќе работам продукција и музика“, додала пејачката.