Емина Јаховиќ води сметка за својот физички изглед како и за здравата исхрана, и како резултат на тоа таа е една од најзгодните и најатрактивните пејачки на овие простори.
Неретко таа објавува видеа и слики од теретани, а овој пат се пофали со фантастичните стомачни мускули за кои како што вели, вложила голем напор така да изгледаат.
– Добрите работи доаѓаат кога ќе излезете од зоната на комфорот – напиша Емина, која истовремено потсети дека летото доаѓа и вреди добро да се помачи за одличниот изглед.
За потсетување, таа има два сина, Јавуз и Јаман.