Ноќниот клуб „Мош“ од неодамна има нови сопственици. Во купопродажна трансакција бизнисменот и основач на „Неуромедика“ – Емил Угриновски заедно со бизнис партнер од Скопје стекнале 95% од сопственоста на локалот. Останатите 5% остануваат во сопственост на претходните менаџери на „Мош“, објави порталот skopjeinfo.mk
Неофицијално, купопродажбата е направена пред две седмици, реновирањето на локалот ќе започне наскоро и пред почетокот на зимата тој ќе треба да понуди нови содржини и нов концепт за работа. Според информациите новиот концепт на „Мош“ ќе биде направен по теркот на популарните белградски локали. Освен секојдневна вечерна програма „Мош“ ќе функционира и со денски „лаунч“ концепт.
Изминатиот период клубот беше на удар од јавноста и општински служби. Поради гласната музика, а по реакциите на граѓаните, инспекциите служби на Општина Центар во неколку наврати изрекуваа парични санкции.
Извор: skopjeinfo.mk