Познатиот модел Емили Ратајковски (31), на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која позира целосно гола, па предизвика бројни реакции.
На фотографијата се гледа како Емили позира целосно гола, легната на подот, а покрај неа е нејзиното куче. Моделот позира така што ја имитира позата на кучето.
Фотографијата за кратко време добила многу допаѓања, но и коментари:
„Многу чудно“, „Каква мајка таков син“, „Не знам како да се чувствувам“, „Две прекрасни миленичиња“, „Воедно страшна, но и неверојатна фотографија…“
Инаку, Емили пред повеќе од една година се породи, а својата извајана фигура ја врати во рекорден рок.