Манекенката Емили Ратајковски го привлекува вниманието на светската јавност, а понекогаш е и цел на критики и на негативни коментари. Таа на социјалните мрежи објавки фотографија на која на плажа лежи покрај нејзина пријателка со пополна става. Веднаш доби осуди од нејзините следбеници.
– Намерно ја објави фотката само за да ти изгледаш подобро, – беше еден од коментарите.
– Зошто тоа го направи? Ако со таа фотографија се чувствуваш подобро, тогаш е во ред. Каква си ти пријателка, – е друг коментар.
Емили не остана должна на ваквите коментари.
– Овие хејтери не се нормални. Само затоа што се навикнавте да гледате одреден тип на тело на мојот Инстаграм, тоа не значи дека само тоа е идеално , – напиша Ратајковски која често објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи.