Емили Ратајковски е снимена во исклучително страсна размена на нежности со актерот и комичар Стефан Бак, а нивната романса беше откриена во вторникот на улиците на Париз.
Инаку, 32-годишниот супермодел беше во врска со Ерик Андре, диџејот Оразија Рисп и Хари Стајлс откако минатата година се раздели од сопругот Себастијан Бер-МекКлард. Но, таа изгледаше прилично заљубено во 27-годишната француска ѕвезда, додека се бакнуваа држејќи чаши вино. Новиот пар беше виден како се гледа во очи пред да се бакнуваат во врат, уживајќи во чаша вино и цигара на улица. Бак дрско го зграпчи задникот на Емили.
За романтичното излегување, манекенката облече кожна кабаница во комбинација со зелено свилено здолниште и чизми со потпетици.
Бак се прослави во 2012 година на 16-годишна возраст како „најмладиот комичар во Франција“ благодарение на неговите ѕвездени стенд-ап настапи во малите париски клубови, вклучувајќи ги Ле Палас и Театр Тревиз. Француско-конгоанската ѕвезда бил исфрлен од средно училиште во 2011 година, а подоцна му било одобрено од француското Министерство за социјални работи да почне да работи на само 14 години, што доведе до неговата кариера како комичар. Неговите актерски заслуги ги вклучуваат Тимскиот дух на Кристофер Баратие, Alone на Дејвид Моро и Elle на Пол Верховен. Неговата најзначајна улога била во филмот на Вес Андерсон од 2023 година Астероид Град, каде глумеше заедно со ѕвездите од А-листата Скарлет Јохансон и Том Хенкс.
Уште во март, Емили ги шокираше обожавателите кога беше видена како се бакнува со Стајлс (29) на улиците на Токио по неговото разделување со Оливија Вајлд.