Емили Ратајковски, една од најпознатите манекенки во светот, за време на викендот уживаше сончајќи се на популарна плажа во Мајами. Очекувано, папараците ја „уловија“ познатата бринета и снимија фотографии на кои јасно се гледа како оваа дама изгледа без филтри, посебно осветлување или вешти пози.
Емили Ратајковски пристигна на плажата во краток, лелеав фустан со леопардест принт и црни детали од тантела, но набрзо се соблече и го покажа витото тело во шарени, тренди-бикини.
Познатата 32-годишна актерка и моделка избра минијатурни бикини во бела боја со впечатлив дезен и жолти врвци, а додека горниот дел е доста класичен, долниот дел е во форма на танга.
Инаку, ова е омилениот модел на гаќички за Емили и често го носи, иако е толку мал во пределот на задникот што го покрива само најинтимниот дел од него.
Стајлингот за плажа го комплетира со тренди-очила за сонце и ефектни сребрени обетки, а иако нема шминка, на усните нанесе атрактивен безбоен сјај.