Актерката Ема Стоун се појавува во исклучително експлицитни сцени во филмот „Poor Тhings“, a неодамна зборуваше за тој дел од нејзината улога која ѝ донесе бројни награди, меѓу кои и Златен глобус како и номинација за Оскар за најдобра женска улога.
Во мрачниот хумористичен научно-фантастичен филм од 2023 година, во режија на Јоргос Лантимос и сценаристот Тони Мекнамара, таа ја игра Бела Бакстер, односно Викторија Блесингтон, млада жена која научник ја оживува откако си го одзема животот. Потоа, Бела побегнува со развратен адвокат и се впушта во авантура на самооткривање.
Филмот доби 11 номинации за Оскар, што го прави втор филм по бројот на номинации зад „Oppenheimer“ на Кристофер Нолан.
Ема Стоун изјави дека снимањето на секс-сцените не било толкав предизвик. „На некој начин тоа беше најлесниот дел бидејќи беше кореографски“. Таа објаснила што било потешко: „Да сфатите како да одите или да изедете 60 колачи, од кои првиот залак е превкусен, но на крајот навистина сакате да повратите“.
Emma Stone says that figuring out how to walk or eat 60 Portuguese tarts on #PoorThings was “way harder than the nudity, which is all anyone seems to want to ask me about.” Also says cinematographer Robbie Ryan “feels like a brother and treats me like a lamp.” #PGA breakfast pic.twitter.com/XKtkHDwM3u
— Jada Yuan (@jadabird) February 24, 2024
„Или гледањето смрт и распаѓање за првпат… тоа е многу поголем предизвик од голотијата, што е единственото нешто за кое луѓето ме прашуваат“.
„Poor Things“ е заснован на истоимениот роман на Аласдер Греј од 1992 година. Во филмот играат и Марк Рафало, Вилем Дефо, Кристофер Абот, Рами Јусеф и Џерод Кармајкл.
„Сексот очигледно е голем дел од нејзиното искуство и нејзиниот развој како што е, мислам, за повеќето луѓе во животот. Но, за неа тоа е еден од многуте аспекти заедно со нејзиното откритие за храна или филозофија и патување и танц. Сексот е уште еден аспект“, изјавила Ема Стоун, пренесува „People“.
Доделувањето на Оскарите е закажано за 10-ти март во Лос Анџелес.