Ема Стоун (35) освои Оскар на 96 доделување на овие престижни награди и тоа за главна актерка.
За Стоун тоа е втор Оскар, откако во 2017 година ја доби наградата за најдобра главна актерка во филмот „La, La Land“. Додека ја примала наградата открила дека има проблем со фустанот.
„Се скина. Мислам дека тоа се случи во текот на песната „I’m Just Ken““, изјавила Ема која заедно со останатиот дел од публиката со воодушевување го проследила изведувањето на таа песна на доделувањето на наградите.
„Луј Витон“ фустан и 30-каратни дијаманти
Песната ја извел нејзиниот колега од „La, La Land“, Рајан Гослинг, којшто го глумел Кен во филмот „Barbie“. Иако и таа песна била номинирана за најдобра оригинална песна на 96 доделување на Оскарите, таа награда сепак отишла во рацете на Били Ајлиш за песната „What I Was Made For“ за истиот филм.
Актерката на доделувањето на наградата се појавила во светлозелен „Луј Витон“ фустан, а истиот го искомбинирала со 30-каратни жолти дијаманти.
„Неодамна паничев, како што гледате тоа често ми се случува. Не станува збор само за мене, станува збор за целата екипа која се собра и направи нешто неверојатно“, изјавила актерката во својот говор.
„Немојте да го гледате одзади“, изјавила актерката и си заминала од сцената, додека со рацете го држела фустанот.
Овој филм е вториот по бројот освоени Оскари годинава. Освоил четири Оскари, за најдобра шминка и фризура, најдобра костимографија, најдобра сценографија и најдобра актерка.