Ема Корин ќе биде принцезата Дајана

by Тони Зографски

Младата и непознатата актерка за пошироката јавност, Ема Корин, ќе ја игра принцезата Дајана во серијата “Круна” или “The Crown”.

Ема ќе се појави во четвртата сезона, соопштиле од “Netflix”, а снимањето ќе започне наскоро, иако уште не сме ја виделе ни третата сезона.

По двете наградувани сезони кои ја освоиле публиката ширум светот, “Круна” во новата сезона ќе направи “скок” и ќе ја измени актерската постава.

Наместо Клер Фој и Мет Смит, ќе ги гледаме Оливија Колман и Тобијас Мензис во улогите на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. На екипата и се приклучила и Хелен Бонам Картер во улогата на принцезата Маргарет.

Netflix уште не објавил кога доаѓа третата сезона.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com