Најголемата елка направана од пластични шишиња е поставена во центаерот на мексиканското гратче Агваскалиентес.
Учениците од 70 училишта во целиот регион со денови ја конструираа елката. Таа е направена од над 100 000 пластични шишиња и е висока 27,84 метри. Учениците седум недели собирале пластични шишиња, ги селектирале , ги миеле, а потоа ги користеле за конструкција на огромната елка, која има и светилки од внатре.
Елката е потврдена и од Гинисовата книга на рекорди, како најголема божикна елка направена од пластични шишиња.