На својот инстаграм-профил Елена Ристеска сподели фотографија на која е штотуку разбудена.
Во описот на фотографиијата таа напиша на англиски и македонски:
-Утрово се разбудив ваква. И имам широк нос, црвенило, акни, подочници, имам кратки трепки, несовршени веѓи и уште многу несовршености. И да , не сум совршена. А кому му е битно? Се сакам себе си, како и да е. :Р
П.С. Не се гледа на фотката, но не сум доволно висока и не сум доволно слаба. Доволно? Според она што општеството го одредува дека е доволно. Па.. немојте никогаш да дозволите некому да направи да се сомневате во себе си. Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености. 😉 – напиша Елена.