Елена Кравцов е првата параолимпијка која се соблече гола за Плејбој (ФОТО)

by Тони Зографски

Германскиот параолимписки шампион во пливање Елена Кравцов се соблече гола за “Плејбој“.

Елена во текот на годините имала многу успеси во вода, и покрај фактот дека е скоро слепа и видот и е само на три проценти. Сепак, тоа не ја спречи да освои сребро на Параолимписките игри во Лондон во 2012 година, а исто така беше и двократен светски шампион – во 2013 година во Монтреал и во 2019 година во Лондон.

Сега таа заблеска на насловната страница на познатото списание.

– Во суштина, јас сум многу екстровертна личност и немам проблеми со голотијата. Сликите се секогаш многу естетски и мислам дека е одлично да се покажат жените во нивната убавина. Многу сум среќна што се сликав за „Плејбој“ – рече Кравцов.

Инаку, Елена е родена во Казахстан. Потоа со семејството замина во Русија, а во 2005 година со автобус тргна од Моксва кон германскиот град Бамберг. Таа страда од болест на Старгард, наследна состојба што го ограничува видот.

https://www.instagram.com/p/CFHqBYyCIWS/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com