Елена Велевска со објава на својот Фејсбук профил ги демантираше гласините дека се разведува од сопругот Маријан.
„Сѐ она кое што го читате овие денови за мене е вистина колку што јас сум трудна по четврти пат“, напиша фолк-пејачката на својот Фејсбук профил.
Пејачката минатата година изјави дека се разведува поради семејно насилство, а со сопругот решија да му дадат шанса на бракот, поради децата.
Инаку, Елена и Маријан се родители на ќерките Калија и Софија и на синот Марко.