Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Летото го зголемува ризикот од дехидрација. Водата е од суштинско значење за рехидратација, а електорлитите имаат клучна улога во тоа како телото ќе ја користи таа вода. Електролитите овозможуваат водата да циркулира низ телото.
Електролитите се есенцијални минерали кои играат клучна улога во одржувањето на многу телесни функции. Се наоѓаат во крвта, урината и потта. Главните електролити кои се надвор од клетките се натриум и хлорид, најчест електролит во клетките е калиумот. Други клучни електролити се магнезиум, калциум, фосфор и бикарбонат.
Електролитите во телото обезбедуваат одржување стабилна внатрешна средина (хомеостаза) дури и кога има надворешни промени. Од витално значење се за различни телесни функции:
– одржување на рамнотежа на течностите, регулираат количество на вода во и надвор од клетките, обезбедуваат правилна функција на клетките и спречуваат дехидрација
– функција на нервите, генерираат и пренесуваат нервни сигнали низ телото, овозможувајќи движење на мускулите, координација и сензорна перцепција
– мускулна контракција и спречување грчеви
Во лето повеќе се потиме за да се регулира температурата на телото. Со потењето се губат електролити заедно со водата што може да ја наруши деликатната рамнотежа на електролитите и да доведе до:
– дехидрација, замор и слабост
– мускулни грчеви
– вртоглавица, главоболка, тешкотии со концентацијата
Одржување на електролитната рамнотежа во лето:
– хидрирање со вода, доволен внес на вода преку цел ден, особено на сонце и при физичка активност
– храна богата со електролити: овошје, зеленчук
– слушајте го телото и обрнете внимание на знаците на дехидрација и електолитна нерамнотежа
Намирници за одржување на балансот на елктролити:
– зелен лиснат зеленчук, спанаќ, кале, богати со калциум и магнезиум
– друг зеленчук; домати, целер, авокадо, благ компир, богати со калиум; компирот е добар извор на фосфор и магнезиум, лушпата со калиум,
– овошје: банани, суви кајсии, суви сливи, лубеница, портокали
– млечни производи, јогурт, богати со калциум, магнезиум, натриум, фосфор
– јадки и семки, извор на магнезиум, некои и со фосфор
– мешунки, грав, леќа содржат магнезиум, калиум и фосфор
– готварска сол, натриум хлорид, содржи 40% натриум
– кокосовата вода е природен извор на калиум, натриум, магнезиум и калциум, има малку калории и шеќери