Шпанската кралица Летициа со право ја носи титулата за најдобро облечена дама на кралевскиот двор.
Згодната 46-годишната Шпанка повторно блесна на дипломатската вечер во мадридската палата “Зарзуела“. Во друштво на високите гости и сопругот, кралот Филипе Шест, Летициа ги собра погледите со своето елегантно издание.
https://www.instagram.com/p/Bs76fkaBI1C/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Белата блуза со потписот на Хуго Бос ја комбинираше со долга сукнја на преклоп, креација на шпанскиот дизајнер Филипе Варели. Со пригоден мејк-ап и фризура со пунџа, кралицата на ушите носеше дијамантски обетки.