Првата дама на САД, Меланија Трамп уште еднаш покажа зошто важи за дама со стил и вкус.
Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира тоалети за средби со официјални претставници на земји. Сепак, таа знае и да направи исклучок.

Американскиот претседател Доналд Трамп го прими во Белата куќа саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија.

Меланија Трамп, првата дама на САД и жена која го знае победничкиот стил кога станува збор за официјални посети, се придружи на празничната добредојде.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна тоалета за да го пречека саудискиот принц.

Како што можете да видите, станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД е украсена со тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Елија Саба.
