Синот на пратеникот Амди Бајрам, Елвис Бајрам е меѓу пријавените од скопската полиција затоа што синоќа околу 23 часот во својот дом организирале забава со огномет пренесува Телма.
Од скопската полиција потврдија дека по пријава на вознемирени граѓани интервенирале и за случајот е поднесена пријава за сторен прекршок за дело „неовластена употреба на пиротехнички средства“.
Од домот на Бајрам ечела и гласна музика, се слушале зурли и тапани, а на крај бил активиран и моќен огномет.
Вознемирените граѓани поради тоа го пријавиле случајот во полиција, а по нивна интервенција забавата се смирила.