Некогаш анонимната Моника Хулт предавала веронаука и историја во Малме, Шведска, но 39-годишната учителка пред девет години решила да ја напушти ја работата и да се пресели во Америка.
Започнувајќи нов живот во друга земја, Моника откако не можела да најде работа како учителка почнала да заработува продавајќи свои експлицитни фотографии.
Сега меѓу клиентите кои плаќаа за гледање на нејзините слики има и некои поранешни ученици и колеги.
Кога наполнила 30 години, се преселила во Аризона, каде живее со нејзиниот сопруг Џон. Таа призна дека кариерата не и е на прво место, туку нејзиниот сопруг.
“Никогаш не бев жена која планираше да има голема кариера. Искрено, не сакам да работам, сакам да бидам домаќинка и да се грижам за мојот сопруг. Уште кога го гледав филмот “Stepford Wives”, знаев дека сакав таков живот“, објасни Моника.
Сега Моника има 2,5 милиони следбеници на Инстаграм, каде секојдневно објавува провокативни и секси фотографии на кои во преден план се нејзините облини.
Бујните гради и задникот, но и затегнатото тело е она што ги воодушевува нејзините фанови.
Инфлуенсерката го одржува своето тело во теретана, а обожавателите често и велат дека воопшто не треба да вежба бидејќи веќе изгледа совршено.