Поранениот сопруг на познатата пејачка Мелани Браун, Стефан Белафонте, истакна дека неговата екс-сопруга често пати го снимала, поставувајќи камери во куќата.
„Воопшто не сум бил свесен со кој сум стапил во брак. Тоа е жена која би ми го пресекла гркланот ако тоа би значело дека нема да се дознае дека е зависник. Се што рекла и направила е да го сочува својот имиџ. Тогаш сфатив колку сум бил глупав“, рече Белафонте.