Ана Трајковска, екс сопругата на Раде Трајковски кој го сомничат за нарачател на убиство на младиот Мартин Јанушев во 2017 година, била претепана пред зградата каде живее во скопски Мичурин.
Како што објавува Либертас, Ана деновиве доцна навечер била нападната од страна на човек со фантомка на главата, кој ја тепал со шипка.
-Се вракав од пат нешто пред полнок и кога влегов во гаражата во мојот дом во Керамидница по мене влезе човек со фантомка и шипка и почна да мава по мене. Мислам дека ме следеше уште кога патував вели Ана за Либертас додавајќи дека цела со крв едвај успеала да избега.
Потоа, отишла да го пријави случајот во полиција.
Ана е мајка на две малолетни деца а екс-сопругот Раде ја напуштил државата во 2017 кога се случило убиството за кое го сомничат дека е нарачател и се бара со меѓународна потерница.