Поранешниот македонски репрезентативец Ренато Вугринец, по седум години врска со Сања Обрадовиќ реши да ја побара за сопруга. Понудата за брак се случи на зимувањето во Копаоник, на над 2.000 метри надморска височина.
46-годишниот легендарен десен бек, кој беше дел од златните времиња на тимот на Металург остана да живее во Македонија по завршувањето на кариерата, каде што ја запозна неговата избраничка. Нивни блиски пријатели своевремено тврдеа дека тие двајцата се запознале во пекарница и дека тоа било љубов на прв поглед.
Сања Обрадовиќ, која по потекло е Србинка, е поранешна манекенка и има 44 години, а на македонската јавност и е позната по бракот со кошаркарската легенда Петар Наумоски. Пред седум години кога се разведе од Наумоски, за македонските медиуми откри дека тој ја оставил практично на улица и неа и трите деца, но набрзина потоа најде утеха кај Вугринец.
Популарниот Вуги исто така има еден брак зад себе и три деца, исто колку и Обрадовиќ. Тој своевремено отвори лаунџ бар во Скопје, а имаше и бизнис со хостел.