Поранешниот министер за земјоделство и актуелен генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски викендов беше во улогата на диџеј на свадбата на неговите пријатели.
На социјалните мрежи Николовски сподели неколку интересни фотографии покрај диџеј пултот.
“Работно и за викенд. Назад во времето. На свадбата кај Елена Георгиевска и Христијан Баги Ташковски. Вечни да сте!“- напиша екс министерот во постот под фотографиите.
Инаку, Љупчо Николовски кој летово се ожени, при едно интервју откри дека во неговиот роден град бил диџеј.