Поранешниот англиски репрезентативец Дарен Бент е во центарот на вниманието на тамошните медиуми откако ја фатил жена му со швалер, почекал да ја завршат “работата“, па ја претепал.
Бент (35) се вратил околу шест часот наутро пред неколку дена во својот дом, кога имал што да види. Сопругата со друг маж во акција во спалната соба. И Бент не ги прекинал, туку си заминал, па се возел со автомобилот низ квартот додека љубовниот пар заврши работа. Кога швалерот ја напуштил куќата, Бент се вратил и по жестоката кавга со жена му, ја претепал, па морала да реагира полицијата, која била повикана.
Наводно, ова било одмаздата на жена му Кирси Мекларен кон својот маж, зашто и таа пред некое време го фатила Дарен во прељуба со друга девојка.
„Тој го доби тоа што го заслужувал, зашто Кирсти својот бивш вереник од Астон Вила го остави пред олтар за да дојде со Бент, а потоа го фати сегашниот сопруг со друга девојка“, рекол извор за таблоидите.