По повеќе од една деценија бегство, во јули е екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната телевизија А1.
Информацијата која се чувала во тајност, дека синот на Рамковски се наоѓа во Шутка беше објавена на социјалните мрежи, но ја потврдија и институциите.
Рамковски бил екстрадиран уште во јули, а во судот сега се води повторена постапка за која му е одреден притвор.
Тој е обвинет за злосторничко здружување и перење пари во случајот „Пајажина“.
Хеди Рамковски избега од државата веднаш откако се отвори истрагата за случајот „Пајажина“ кој почна во 2011 година и беше завршен во 2012 година.
Во судскиот процес беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ во Скопјекои се поврзуваа со Велија Рамковски, а обвинението беше за затајување на данок, перење на пари и злосторничко здружување заврши во 2012 година.
Хеди Рамковски во тој процес беше осуден на 7 години затвор во отсуство, но сега има право на повторување на судскиот процес и докажување на невиноста.