Експлодира аквариум висок 16 метри во хотел во Берлин (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Огромен аквариум висок 16 метри експлодира во петокот наутро во хотел во Берлин.

Итната помош добила повик околу 6 часот. Голем сад пукнал, а целата вода од аквариумот во кој имало 1.500 риби се излеала од хотелот на улица, пренесува Билд.

Германските медиуми јавија дека две лица се повредени.

На Твитер се појави видео од инцидентот, наводно објавено од гостин на хотелот.

Image

На видеото се гледа хаосот кој настанал по пукањето на аквариумот – фоајето на хотелот е во урнатини, а водата истекува на подот.

„ДомАквар“ е „најголемиот слободностоечки цилиндричен аквариум во светот“ и е модернизиран во летото 2020 година, според веб-страницата на хотелот. На Твитер беше објавена фотографија на која се гледа како изгледал аквариумот вчера.

останати вести