Утрово била фрлена бомба во дворот на Раде Трајковски – Штекли, при што тој се здобил со повреди и итно бил пренесен во болница.
„Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Кон Штекли пред неколку месеци за краток период во трговиот центар „Ист гејт“ беа изведени два обида за ликвидација.