Загрижувачките фотографии од научниците кои истражуваат лилјаци биле избришани од сајтот на институтот “обвинет” за пандемијата на коронавирусот.
Фотографиите кои откриваат шокантен недостиг на мерки за заштита биле отстранети од сајтот на Институтот за Вирологија во Вухан откако дипломати и други научници кренале паника, пренесува “The Sun”.
Изгледа дека исто така биле отстранети и докази од посетата на експертот за наука и технологија од амбасадата на САД во Пекинг во март 2018-та година, Рик Свицер, од кого тргнало информирањето на јавноста. Како резултат на неговата посета дошле и предупредувања на амбасадата во врска со ризиците со експериментирање со лилјаци.
“Во текот на соработката со научниците од вуханската лабораторија, забележано е дека постои сериозен недостиг на правилно облечени техничари и истражувачи потребни за безбедно раководење”, било наведено.
Американски и британски разузнавачи се сомневаат дека дошло до ширење на смртоносната зараза токму во време на ризичните тестирања на лилјаци на коронавирус.
Исто така, претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот објавил дека го увериле разузнавачките податоци дека кризата започнала токму во Институтот во Вухан.