Полицијата во Јужна Кореја објави дека 19-годишен Кореанец кој се обидел да ја отвори вратата од авионот на лет, бил позитивен на тестот за дрога.
19-годишното момче веќе имало црвени очи на почетокот на летот од Себу, Филипини до Сеул, Јужна Кореја, изјавија претставници на Jeju Airlines.
По еден час почнал да се однесува чудно и бил преместен во првиот ред од авионот во близина на излезната врата каде што персоналот можел да го надгледува.
19-годишникот исто така се пожалил дека чувствува „притисок“ на градите, соопшти авиокомпанијата, а пренесе Си-Ен-Ен.
Младиот човек во еден момент ненадејно истрчал кон вратата за итни случаи и се обидел да ја отвори, но „екипажот веднаш го совладал и го врзал до крајот на летот“.
Момчето било предаден на полицијата на аеродромот Инчеон во Сеул во понеделникот во 7:30 часот по слетувањето на авионот.