Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се упатиле на церемонијата „Queen for the order od the Garter“ во дворецот Виндзор, кога во текот на возењето се случила сообраќајна несреќа во која еден од придружните членови на обезведувањето удрило со моторцикл во 83 годишна старица додека возел во спротивната лента на патот, пишува дејли Мејл.
Жената е хоспитализирана во критична состојба, со напукната карлица и низа други повреди.
-Ја удри со својот мотор и таа падна на тло. Полицаецот беше очаен. Но, беше на погрешна страна од патот. Можеше да биде полошо – рекол еден сведок за Сан. Портпаролот на кралскиот пар рекол дека се „длабоко загрижени и ожалоестени“ и дека се во контакт со семејството на жртвата. Ѝ испратиле цвеќе, а Вилијам и Кејт рекле дека сакаат да ја посетат старицата кога таа ќе биде подготвена.