Во градинка во населба Ченто е повредено едногодишно девојче,соопшти полицијата. Детето е донесено во Комплексот клинки „Мајка Тереза“, каде што биле констатирани повредите.
Според соопштеното, таткото на детето И.С.(34) откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите.
Таткото изјавил дека воспитувачката од градинката на детето му рекла дека повредите на детето му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.