Едногодишно девојче не можеле да го разбудат во белградска градинка

by Тони Зографски

Вистинска драма се случувала вчера во една од белградските градинки. Едногодишно девојче било ставено на попладневно спиење, но васпитачките и мајката на девојчето не успеале да го разбудат. Веднаш стигнала брзата помош, а докторот констатирал запирање на работа на срцето и на дишењето.
Оживувањето на девојчето започнало прво во амбуланта , па во болница, каде докторите успеале да ја активираат работата на срцето. Девојчето е приклучено на апарат за вештачко дишење, а докторите се борат за нејзиниот живот.
“ Девојчето кое беше во период на адаптација во градинката, денеска прв пат беше оставено на спиење во присуство на мајка и. Детето заспа во 10.45 часот, а мајка и и васпитачките почнале да ја будат во 12, кога приметиле дека не диши“ стои во соопштението на градинката.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com