ЕДНИ ЈА БРАНАТ, ДРУГИ ЈА НАПАЃААТ: Ирина Шајк без филтри и фотошоп изгледа вака (ФОТО)

by Тони Зографски

Ирина Шајк е на одмор на Ибица, каде папараците ја уловиле на плажа.

Фотографиите брзо завршиле на сите светски портали и социјални мрежи, а во соседна Србија Твитер ‘гори’ од коментари за телото на славната манекенка.

– Изгледа како тетка ми. Толку пари и тренери, и повторно целулит на задникот, и не спомнувајте години затоа што сум три години постара и немам вакви јазли на задникот. Значи, оваа жена заработува од изгледот, а таа очигледно јаде нездрава храна и не оди во теретана – остра е една корисничка на Твитер.

Друга корисничка í одговара: Дај Боже на нејзини години јас да имам вакви „јазли“. Амин.

Корисничката на Твитер одговара на коментарите од другите на следниов начин:

– Ќе ја прозивам, зашто ова не е нормално, на девојките да им претставува дека е во ред да имаат целулит. Не е, вежбајте, а истото важи и за мажите бидејќи забележувам дека и тие имаат целулит – заклучува корисничката на Твите

останати вести

Comments are closed.