Познатата манекенка Иман има 68 години и се уште предизвикува воздишки каде и да се појави.
Таа е една од најубавите манекенки на сите времиња.
Преку ноќ стана ѕвезда и почна да соработува со големи модни куќи како „Дона Каран“, „Џани Версаче“, „Келвин Клајн“ и други, што ја издигна на самиот врв на модниот свет, а многумина се сеќаваат на неа и по улогата во спотот на кралот на попот легенданиот Мајкл Џексон за песната „Remember the Time“.
Таа се истакна и во светот на филмот, а во 1994 година го лансираше својот козметички бренд „Iman Cosmetics“, првично наменет само за жени со темна кожа.
Иман доби голема популарност во јавноста и како сопруга на славниот музичар Дејвид Боуви со кого беше во брак се до неговата смрт во 2016 година. Од бракот со Боуви ја има ќерката Александрија Зара.
Во една прилика Иман изјавила дека тој и понатаму е нејзиниот сопруг, а не нејзиниот „покоен сопруг“. „Не ми пречи да ме нарекуваат сопруга на Дејвид Боуви, но секогаш се потсетувам дека постоев пред него“, рече тогаш таа.
Инаку, Иман и понатаму восхитува со својата убавина иако е длабоко навлезена во седмата деценија од животот.