Иако во последно време се зборуваше дека една од најубавите жени на светот, глумицата Моника Белучи и 18 години помладиот француски уметник и сценограф Николас Лефебвре раскинале, од тоа нема ништо. Овие денови парот бил фотографиран додека шетал во Париз, и на фотките тие изгледаат среќно и заљубено.
Инаку, Моника и Николас се девет месеци заедно. Тој е првиот маж со кој италијанската глумица се појавила во јавноста откако во 2013-та година се развела од актерот Венсан Касел. Лефебвре е француски скулптор и некогашен модел. Има деветгодишна ќерка Анахи, но за неговиот живот се знае многу малку. Тоа што е познато е дека тој уште од детството патувал многу и ги обиколил сите континенти.