Манекенката Бела Хадид (28) ги воодушеви своите следбеници со нова објава на Инстаграм.
Таа објави серија фотографии на кои позира во снежна шума, облечена само во бикини и каубојски чизми.
Со себе имаше и бело-црвен шал кој го носеше на неколку фотографии. Косата ја врза во пунџа со црвен ластик.
„Убава“, „Снежна божица“, „Стопи го тој снег, кралице“, „Ја сакам таа марама“, „Изгледаш убаво“, напишале нејзините воодушевени следбеници. Некои изразија загриженост, со коментари како „Бела, нели ти е ладно?“, „О, леле, премногу е ладно за бикини“, „Бела, не настинувај“ и „Хипотермија“.
Да потсетиме, научниците пред неколку години ја прогласија Бела Хадид за жена со најубаво лице на светот. Тие биле водени од теоријата на златниот пресек и ги анализирале и најмалите детали на лицето, како што се големината и положбата на усните, носот, брадата, јаготките и вилицата. Тие пресметале дека има совршени пропорции.
Минатата година таа беше меѓу првите 10 најубави жени според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го води Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лице во Лондон.