Една од некогаш најзгодните актерки и пејачки, Џесика Симпсон, изгледа полека се враќа во својата форма. Таа гордо го покажуваше своето тело во спотовите и улогите во кои глумеше. Трите бремености кои ги имаше, довеле до голем вишок килограми кои ѝ претставувале голем товар од кој тешко се ослободила.
Меѓутоа, упорноста се исплатила и овој пат таа сподели фотографија во костум за капење.
Тренерот на Џесика, Харли Пастернак, откри дека таа го следела неговиот план за исхрана, кој вклучувал три оброка дневно со меѓуоброци богати со протеини, витамини и масти. Покрај тоа, Џесика била исклучително активна, тренирала три пати на ден и пешачела по 14.000 чекори дневно. Резултатите не изостанале, бидејќи оваа 41-годишна жена сега изгледа фантастично.
Нејзините тренинзи вклучувале кардио загревање, потоа 20 до 30 минути вежбање со тегови, а во своите активности вклучила и возење велосипед и јога.