Поранешната ѕвезда на Барселона и сегашен фудбалер на Бетис, Марк Бартра, раскина по три години љубов со својата девојка Џесика Гојкочеа, пренесуваат странските медиуми.
Иако веста не е официјално потврдена, шпанскиот новинар Абел Планелес тврди дека парот раскинал откако и двајцата сфатиле дека нивната врска не е она што била.
„Според она што ми го кажуваат упатени извори, меѓу нив нема зла крв, нема лоши вибрации. Всушност, напротив, тие сè уште се во коректен однос. Се следат на социјалните мрежи, добро се сложуваат, но вистината е дека врската е завршена“, истакнал Планелес.
Новинарот додал дека никогаш не се знае и дека можеби парот ќе се смири во иднина, но моментално се решени да продолжат еден без друг.
Џесика Гојкочеа (27) е манекенка и инфлуенсерка, а нејзините обожаватели тврдат дека таа е најсексапилната девојка на планетата. Во мај оваа година таа ги разбранува страстите кога во шпанското ток-шоу „La Resistencia“ му призна на водителот Давид Брокан дека има специфичен секс договор со Бартра.
Имено, таа одговорила на прашањето на Брокан колку била сексуално активна во претходните 30 дена. Тогаш, заедно со фудбалерот кој седел во публиката, открила дека имаат едно секс правило во нивната врска.
„Секој ден кога се гледаме, мораме да имаме односи“, рекол Бартра.
„Ако не го направиме тоа тој ден, треба да го направиме двапати наредниот ден“, се надоврзала русокосата убавица.
Инаку, 33-годишниот шпански фудбалер пред Џесика беше во брак со новинарката Мелиса Хименез со која доби 3 деца. Тој врската со Џесика ја обелодени само неколку месеци откако се раздели со Мелиса, па многумина се сомневаат дека убавата манекенка била причината за нивниот развод.