Во последните 24 часа, од направени 7 647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи со ковид-19.
Од нив најмногу се во Скопје – 118, потоа Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.
Има и едно починато лице, од Скопје (71г) во болнички услови.
Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.